На 11.02.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Карпош едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет и мобилен телефон, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.