Откако тоа веќе го направи со Јелена Карлеуша Огњен Врањеш сега и се заканува и на Дара Бубамара дека истото ќе и го направи и нејзе. Тие цело лето се допишувале и размениле броеви преку Инстаграм, а набрзо почнале да си испраќаат видео-пораки преку Вибер. На Дара малку и требало за да стекне доверба во Огњен, па често му испраќала фотографии на кои е гола. Долго време се договарале да се видат во живо, но откако Дара слушнала од пријателите дека Огњен е во врска со Карлеуша решила да го прекине контактот со него – пренесува нејзин близок извор.
Иако Огњен и бил многу симпатичен, од страв пријателката повторно да не и се налути Дара ги прекинала контактите со фудбалерот. Изнервиран од нејзината реакција и од тоа што ја поддржала Јелена Огњен и се заканил дека ќе ги објави нејзините голи фотографии.
– Даро ќе ги објавам твоите голи фотографии, ако продолжиш да зборуваш и провоцираш. Ќе те избламирам како Јелена – и напишал Огњен на Дара Бубамара, пренесуваат српските медиуми.
Се за Дара Бубамара, нејзините навики, начин на живот, облека и облини прочитајте тука