По најавената измена или нова методологија за цените на горивата Регулаторната комисија за енергетика минатиот понеделник ги намали цените. Но бидејќи цената на горивата се корегира секоја недала истото го очекуваме и денес. РКЕ денес треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Во моментов цената на „Еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „Еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „Еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари, а мазутот М-1 НС по 35,118 денари.
Дали со најновата корекција цените на горивата ќе се намалат или ќе се зголемат останува да видиме.