Министерството за здравство, кое е под контрола на Хамас во Појасот Газа, денеска соопшти дека најмалку 32.705 луѓе биле убиени на територијата за време петмесечната војна со Израел, а 75.190 луѓе биле ранети.
Во соопштението на Министерството се наведува и дека во последните 24 часа загинале најмалку 82 лица.
Бројките пријавени од Министерството за здравство на Хамас не се потврдени и записите не прават разлика помеѓу борците на Хамас и цивилите, се додава.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека утринава при доставувањето помош само во градот Газа, пет лица загинале од израелски оган, а десетици се ранети во стампедото што следувало.