Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека на советник од неговиот кабинет, упатен со писмена наредба, не му било дозволено присуство во рамки на оперативниот штаб на СВР Тетово и најави дека ќе се преземат сите соодветни мерки, согласно Закон за Влада и можностите во рамки на МВР.
– Согласно информациите кои ги имам постапено е од страна на началникот на СВР Тетово, по добиена наредба од страна на директорот на БЈБ, но дали е така или како е конкретно постапено е би сакал сега да навлегувам во детали. Би сакал Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено и што е точно преземено и за сите овие детали ќе информираме дополнително, изјави Тошковски.
Според Тошковски, не би сакал денот да ги обременува со настани, поврзани со внатрешното работење на МВР, а не се однесуваат на делот на загрозување на изборниот процес.
Претходно коалицијата Вреди, на прес-конференција обвини дека началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, и денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово.
Прашан во однос на обвинувањата од коалицијата Вреди за полнење кутии во Липково, Тошковски рече дека таков настан, до моментот на напуштање на оперативниот штаб, формално не е евидентиран.