Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во периодот 12-22 март 2018, со цел да го сознае мислењето на македонскиот народ, спроведе научна анкета со 10 прашања кои задираат во суверенитетот и унитарноста на Република Македонија.
Причината за оваа анкета, велат од ОМД,беше во отсуство на транспарентност на Владата на Република Македонија, како и инклузивност на македонскиот народ во креирањето на иднината на државата, преку резултатите на оваа анкета да се потврдат или делегитимираат активностите на Владата на Република Македонија.
ОМД, овој начин на испитување на јавното мислење го смета за кредибилен извор за мислењето на народот за официјалната политика на власта во Република Македонија. Оваа анкета не е спонзирирана од ниту една организација и е иницијатива исклучиво на ОМД.
Резултатите од оваа анкета се слободно изјаснување на сите заинтересирани да придонесат во креирањето на јавното мислење, и во ниту еден момент ОМД ниту има селектирано учесници, ниту пак има направено поттикнување со цел да придонесе во изјаснување за мислењето на учесниците.
ОМД е со цврст став дека единствено креирање на политика која црпи легитимитет преку реализација на изборни ветувања за кои граѓаните го имаат дадено својот глас на непосредни и легални избори, а не постизборни партиски коалициски калкулации контра своите предизборни ветувања кои задираат во Уставот, суверенитетот и унитарноста на државата, е гаранција за демократскиот просперитет државата.
Од ОМД напоменуваат дека е недозволиво во ерата на социјалните мрежи, да се занемарува мислењето на граѓаните и нивните заложби за сигурна и стабилна иднина.
Еден единствен македонски политичар ова цело време го тврди во своите настапи, а тоа е д-р Филип Петровски. Тој отворено го кажа мислењето на мнозинството македонски граѓани во емисијата „Само Вистина“ неделава. При што беше критикуван од албанскиот претставник дека не е во право. Но, и Вие и Ние знаеме дека Филип Петровски зборува автентично и од име на најголемиот дел МАКЕДОНЦИ.
Прашање кое се поставува е зошто пратениците во Парламентот, од двете МАКЕДОНСКИ партии молчат? До каде е отиде компромитираноста на политичките елити. Нели е доста попуштање и преговарање зад грб на народот?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.