Оригинален рецепт за најубавиот чоколаден мус: Поранешен готвач на кралицата Елизабета ја открил долго чуваната тајна

Дарен Мекгрејди, некогашниот готвач на кралицата Елизабета и покојната принцеза Дајана, открил рецепт за подготовка на чоколаден мус со вкус и текстура во која што уживале членовите на британското кралско семејство.
Наведената количина е доволна за подготовка на мус за четиричлено семејство.
Состојки:
– 600 грама темно чоколадо
– 500 милилитри слатка павлака
– 3 жолчки
– 3 белки
– една лажица инстант кафе
– две супени лажици виски
– една лажица вода


Подготовка:
Стопете го чоколадото во сад за готвење, на пареа. Во друг сад изматете го инстант кафето во малку вода. Со миксер изматете ги жолчките и растопеното чоколадо, па додадете го вискито и кафето.
Во посебен сад изматете ја слатката павлака. А, исто така во друг сад изматете ги белките додека не се претворат во шлаг.
Во изматената слатка павлака додадете го чоколадото, па потоа додадете ја смесата од белките и мешајте со лажица додека сето тоа не се соедини и мусот не добие еднаква боја.
Ставете го мусот во садови за сервирање и ставете го во фрижидер, најмалку три часа. Украсете го по желба.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.