Освежителен колач со бисквити и банани

Ако сакате да направите брз и лесен летен колач што не се пече, овој рецепт со бисквити, банани и пудинг е идеално летно освежување.
Потребни состојки:
-половина килограм бисквити
-2 пудинзи од ванила, ќе го подготвите пудингот со 3 лажици шеќер и 9 дл млеко
-2 пудинзи од чоколадо, исто така подготвени со 9 дл млеко и 3 лажици шеќер, но во него додадете и 100 г чоколадо за готвење
-1 кг банани исечени на кругови
-сок од еден лимон
-малку млеко за потопување на бисквитите
Глазура:
Посипете малку мелени бисквити и рендано чоколадо
Начин на подготовка:
На дното на тепсија наредете ги бисквитите кои претходно сте ги натопиле во млеко. Врз нив ставете од исечените банани кои претходно сте ги помешале со сок од лимон. Врз нив ставете од сварениот пудинг од ванила, па повторно наредете од бисквитите натопени во млеко, ред банани па чоколадниот пудинг.
Колачот на крај посипете го со мелени бисквити и рендано чоколадо или со глазура по ваш избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.