Ако сакате да се освежите во текот на летото, ова е одличен пијалок..
Потребни состојки:
4 праски излупени и исечкани на коцки
1 шолја лубеница исечкана на коцки
2 шолји минерална вода
Начин на подготовка:
Ставете ги лубеницата и праските во блендер и добро блендирајте. Мешајте добро за да добиете хомогена смеса во која праските ќе бидат добро разредени и нема остатоци.
Истурете го сокот во бокал и додадете ја минералната вода. Послужете со цоцки мраз.
Photo by Denys Gromov