Основниот рецепт за палачинки од 1967 година

Додека ја правите смесата, без прецизни мерења, додавате брашно, вода и млеко додека не ја добиете посакуваната густина на смесата? Треа да знаете дека постои основен рецепт со точни мерења.
„Современ готвач“ од 1967 година, кој дава 3.200 рецепти на повеќе од 1.000 страници, наведува рецепт за палачинки со точни мерења. Интересно е што, според овој рецепт, во смесата не се додава кисела вода или обична вода.

За 16-20 палачинки:
300 гр брашно
40 мл млеко
2 цели јајца
1 жолчка од јајце
1 лажица масло за готвење
сол
Подготовката е иста како и денес:
Измешајте ги брашното, млекото, јајцата, маслото и солта во мазно, рамномерно тесто. Истурете лажица – две тесто на загреана подмачкана тава, раширете ја рамномерно на целата површина и печете ги палачинките од двете страни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.