Осуден на 3 години затвор: Поранешен член на „Parni Valjak“ е прогласен за виновен за сообраќајката во која уби пешак

Поранешниот тапанар на „Parni Valjak“, Дражен Шулц (62), по повторното судење во Жупанискиот суд во Загреб, повторно е прогласен за виновен за несреќата од 2017 година, кога загина пешакот Вјеран Дасовиќ.

На повтореното судење било утврдено дека не возел под дејство на алкохол и кокаин, а казната му била значително помала.

Жени од Украина и Молдавија приведени во угостителски објект во Желино
Денеска во раните утрински часови полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во Угостителски објект во село Желино, каде биле затекнати и приведени …
Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G
Бројот на претплатници на мобилни 5G во Кина надмина една милијарда на крајот на ноември.Тоа претставува пресвртница на водечкиот светски телекомуникациски пазар во Кина, …

На првото судење Шолц беше осуден на четири години затвор, поради предизвикување несреќа под дејство на алкохол и дрога.

Сега, откако тие квалификации се отфрлени, тој е осуден на три години затвор за предизвикување несреќа од невнимание и не давање помош на жртвата по несреќата.

– Овој суд ве прогласи за виновен за овие две кривични дела – рече претседателот на судскиот совет кој во повторената постапка го осуди тапанарот.

Дражен Шулц во понеделникот дошол на објавувањето на пресудата, која мирно ја слушал со наведната глава, без да каже ниту еден збор, пренесува Јутарњи.хр.

Инаку, Шулц бил фатен само осум часа по несреќата, па не можело со сигурност да се утврди дали пред или по несреќата конзумирал дрога и алкохол, чии траги биле пронајдени во неговата урина.

Сепак, одбраната на Шулц, дека тој не видел како автомобилот удира во човекот, туку само го слушнал ударот, беше одбиена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.