Откриени две планети слични на Земјата

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека се откриени две планети, слични на Земјата идентификувани благодарение на податоците кои ги собрал вселенскиот телескоп Кеплер.

Како што пренесува агенцијата АНСА, планетите го сочинуваат најоддалечениот дел од системот од пет небесни тела кои кружат околу ѕвездата „Кеплер 62“, која наликува на Сонцето.
 Таканаречените „Кеплер -62е“ и „Кеплер 62ф“ планети се наоѓаат во зона погодна за живот, во областа во која е можно постоење на вода во течен облик и настанок на живот.
 Вселенскиот телескоп „Кеплер“ е мисија на агенцијата НАСА која е лансирана со цел да открие планети слични на Земјата кои се наоѓаат во орбитата околу другите ѕвезди. 
 Овој вселенски телескоп, именуван по германскиот астронаут Јохан Кеплер е лансиран во март 2009 година.
Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека се откриени две планети, слични на Земјата идентификувани благодаре

Пронајдете не на следниве мрежи: