Отстранете ги правилно влакненцата над усните.
Лентите за депилација на лице се идеално средство за отстранување на влакненцата од пределот над усните. Тие ни штедат време и ги отстрануваат влакненцата брзо, а ние можеме да заборавиме за нивна депилација за неколку седмици.
ОСНОВНИ ЧЕКОРИ ПРИ ДЕПИЛАЦИЈАТА
- Пред да започнете со депилација, осигурајте се дека вашата кожа е сува и чиста. Не треба да користите никаква пудра, лосион или крем ако планирате да се депилирате.
- Затоплете ги лентите. За подобра и поефективна депилација, затоплете ги лентите со помош на рацете. Така восокот подобро ќе се распространи по кожата.
- Разделете ги лентите внимателно.
- Залепете ја лентата на местото каде што сакате да се депилирате. Не ја оставајте лентата залепена подолго од неколку секунди, затоа што потешко ќе можете да ја одлепите.
- Затегнете ја кожата и повлечете ја лентата во правец спротивен на растот на влакната.
- Повторете ја постапката ако е потребно. Потоа употребете го влажното марамче кое го има во сите опаковки со ленти за депилација. Со него ќе ги отстраните остатоците од восок и ќе ја смирите кожата.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ
- Можете да употребите една иста лента повеќе пати.
- Никогаш не се депилирајте на лицето после туширање.
- Не употребувајте лосион, сапун или алкохол за да ги отстраните остатоците од восок. Можете да употребите бебешко или маслиново масло за да го направите тоа.
- Не се изложувајте на сонце веднаш по депилација.