За голем број жени, редовното средување на бикини зоната е нормално колку што е и чешлањето на косата.
Всушност, 87 проценти од жените кои што учевствувале во новото испитување, објавено од American Journal of Obstetrics & Gynecology отстрануваат нешто повеќе или сите влакна од интимните делови, а 90% го прават тоа почесто со брич, отколку со депилација.
Меѓутоа, студијата исто така укажува и дека отстранувањето на влакната може да има опасни последици.
Се докажува дека голем број жени што ги отстрануваат влакната се подложни на инфекции. Овие инфекции вклучуваат и исекотини што не се видливи со голо око, поткожни влакна и чешање.
Најголемиот проблем настанува поради неправилното третирање на кожата после третманите. Помалку од 5 проценти од жените одат на доктор кога ќе се јави таков проблем. Ист број на жени не разговарале за сигурно отстранување на влакната со својот гинеколог. И без оглед на тоа што оваа појава не делува сериозно, многу е важно да се знае дека се зголемува можноста за појава на сексуално преносливи инфекции, вклучувајќи херпес и ХПВ вирус.
Меѓутоа, ни пуштањето да обраснат не е решение. Гинеколозите ги советуваат жените да користат стерилизиран електричен брич, наместо оној со стандардно сечило, како и да гледаат сечилото да биде секогаш ново. Кога ќе завршите со бричење, измијте се и корисете чист пешкир без да го триете од интимната зона. Тоа ќе ве заштити.
Доколку почувствувате било какви „симптоми“ обратете се кај стручно лице.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.