Потребни состојки: -2 јајца -2 помали јаболка -80 мл јогурт -2 лажици масло -1 ванилин шеќер -1 лажичка прашок за пециво -150 г брашно -цимет по желба -малку сок од лимон -шеќер во прав
Начин на подготовка: Излупете ги јаболката, ситно рендајте ги и додадете го сокот од лимон. Белките изматете ги во цврст снег. Жолчките, јогуртот, ванилин шеќерот и јаболката измешајте ги рачно, па додадете брашно и цимет. Потоа додадете го снегот од белки и лесно измешајте. Оставете смесата да мирува 15 минути. Загрејте ја тавата и ставете малку масло за готвење, па една лажица од смесата. Палачинките пржете ги убаво да поруменат на двете страни. Послужете ги со шеќер во прав и декорирајте по желба.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.