500 г тестенини (шпагети, јуфки, макарони)
1 ситно исечена главица кромид
250 г коцки чадена сланина
5 јајца
100 мл хопла
80 г рендан пармезан
масло, сол и мелен црн пипер
Во посолена вода сварете ги тестенините и исцедете ги.
На загреано масло испржете го кромидот. Додадете ја сланината и пржете додека не порумени. Потоа додадете ги тестенините, промешајте и тргнете од оган.
Јајцата изматете ги со виљушка, и додадете ги хоплата и половина од пармезанот. Зачинете, додадате го сосот во тавата со тестенините и повторно промешајте. Сервирајте ја пастата, наросете ја со пармезан и украсете со магдонос.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.