Паста карбонара по рецепт на Гордон Ремзи: Најкремасто чудо, спремно за само 10 минути

Познатиот готвач Гордон Ремзи открил рецепт за кремаста паста карбонара и го покажал процесот на припрема кој трае само 10 минути.
Потребни состојки:
– сланина или панцета, исечкана на коцки
– шпагети
– 2 жолчки
– 2 печурки
– 2 чешниња лук
– 1 лута пиперка
– малку смрзнат грашок
– 180 гр. кисела павлака
– пармезан
– сол, бибер и масло за јадење
– магдонос
Начин на припрема:
1. Ставете ги шпагетите да се сварат во зовриена вода.
2. Загрејте малку маслиново масло во тавче и ставете ја исечканата сланина да се пржи, а потоа додадете бибер.
3. Исечкајте го лукот на тенки ленти и додајте го во сланината, а потоа и печурките исечкани на ленти, ситно исечкана лута пиперка и малку грашок.
4. Во друг сад, издвојте ги жолчките од белките и во нив додајте го изренданиот пармезан и павлаката. Сето тоа соединете го и додајте малку вода, па повторно промешајте.
5. Во тавата со сланина додајте околу 10 лажици од водата во која се вареле шпагетите.
6. Кога шпагетите ќе се сварат, процедете ги и додајте ги во тавата со состојките.
7. Додајте ја смесата со жолчките и магдоносот, па повторно промешајте.
8. Кратко гответе и шпагетите се готови!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.