Пастрмка полнета со спанаќ

Состојки:
(за 4 лица)
4 пастрмки (околу 250 гр секоја)
20 гр путер
2 чешниња лук
20 гр лебни трошки
2 лажички сув зачин од билки
100 гр милерам
2 лажици масло
50 гр сланина или панцета
60 гр сечкан црвен кромид
200 гр спанаќ
сол.


Подготовка:
Исчистете ја, измијте ја и исушете ја рибата со хартиена крпа.
Ако спанаќот е замрзнат, оставете го да се одмрзне, а по потреба со рака исцедете го вишокот течност.
Сечканиот црвен кромид и сланина кратко пропржете ги и додадете го спанаќот.
Во оваа смеса додадете милерам, лебни трошки, зачин и издробен лук, па сè убаво измешајте и со смесата наполнете ја пастрмката.
Вака подготвената пастрмка ставете ја на плех подмачкан со масло, посолете малку, премачкајте со растопен путер и печете околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.