Од Пентагон синоќа соопштија дека транспортно пловило со 60 оклопни механизирани возила „Бредли“ отпловило на 25 јануари од американското пристаниште Норт Чарлстон за Европа.
Возилата „Бредли“ се дел од уште еден пакет воена помош за Украина вреден 2.85 милијарди долари, објавен од претседателот на САД, Џо Бајден, на почетокот на јануари.
САД минатата недела начелно се согласија да испратат на Украина 31 „Абрамс“, еден од најсофистицираните тенкови. Согласноста беше дадена заедно со Германија, која исто така за заложи да испрати 16 тенкови „Леопард 2“. Претходно, Велика Британија вети 14 „Челенџер 2“ тенкови, додека Полска побара одобрување од Берлин да испрати на Украина повеќе свои тенкови „Леопард 2“ купени од Германија.
Украина, од сојузниците се надева да добие околу 300 нови модерни тенкови, со надеж да изврши пресвртница на бојното поле, во обидите да ја избрка окупациската вјоска на Русија во југоисточниот дел од земјата.
Пронајдете не на следниве мрежи: