Состојки
1 јајце
200мл јогурт
1 пециво
400-500гр брашно (или по потреба)
за пржење
300мл масло
Во еден сад ги замесуваме горе наведените состојки.
Тестото ќе ви испадне лепливо и меко, но додајте му брашно.
На работната маса попрскајте брашно и расукајте кора дебела еден прст.
Сечете со ножот на коцки.
Ставете маслото да се загрева и пуштајте ги да се пржат перничињата.
Тие сами ќе се дигаат и превртуваат.
Помогнете им малку со вилушка и превртете ги сите да се испржат подеднакво.
Штом поруменат вадете ги на хартија да го впијат маслото.
Служете ги со кисело млеко, јогурт или сирење.
На здравје со вкусниот појадок.