Пет намирници со кои ќе ги „препородите“ бубрезите: Убедливо најдобри за здравјето на овој орган

Бубрезите се еден од најважните органи, а нивното оштетување настанува со стареењето. На здравјето на бубрезите влијае и начинот на живот, редовната контрола на шеќерот и крвниот притисок, внесувањето доволна количина течности, а пред сè здравата исхрана.

Важно е да се препознаат првите симптоми на бубрежно заболување:

  • промени во функцијата на уринарниот тракт;
  • оток;
  • замор;
  • чешање на кожата;
  • непријатен вкус во устата и гадење.
    За да се зачува здравјето на бубрезите, треба да се консумираат одредени намирници.

Црвена пиперка
Црвените пиперки содржат 300 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц, кој е многу моќен антиоксиданс и ја поттикнува апсорпцијата на железото во крвта. Исто така, содржат големи количини на витамин Б, кој е природен диуретик, па затоа се препорачува за лица со висок крвен притисок. Богати се и со витамин А, но сиромашни се со калиум, кој им одговара на бубрезите.

Зелка
Зелката е нискокалорична, па не ги оптоварува ниту бубрезите, ниту срцето. Содржи витамин Ц и мали количини на калиум и натриум.

Лук
Не е лесно да се набројат позитивните својства на лукот и неговото влијание врз здравјето. Лукот содржи аминокиселини, јод, селен, фосфор, сулфур, калциум и есенцијални масла и е корисен во секојдневната исхрана на лицата со хронични бубрежни заболувања.

Јаболка
Јаболката содржат специфичен тип на растворливи влакна наречени пектин. Според Клиниката Mejo, растворливите влакна можат да помогнат во намалувањето на нивото на ЛДЛ со намалување на количината на холестерол додека се апсорбира во крвотокот. Пектинот кој се наоѓа во јаболката е еден од најдобрите елементи за намалување на холестеролот од овошни извори.

Белки од јајца
Луѓето со нарушена бубрежна функција треба да го ограничат внесот на протеини. Затоа се препорачува да се консумираат белки.

За да се зачува здравјето на бубрезите, важно е да се консумира доволно количество вода, но и да се избегнуваат:

  • црвено месо;
  • сувомеснати производи;
  • шеќер;
  • солени закуски;
  • алкохол.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.