Пет начини како да внесувате помалку сол во исхраната

Прекумерното внесување сол во организмот во никој случај не е добро за вашето здравје.
Ова се пет начини како да внесувате помалку сол во исхраната.
1. Житарици за појадок наутро пред работа
Честопати не сме свесни дека лебот и пекарските производи содржат голема количина сол што ја внесуваме во телото. Некои пекарски производи содржат скоро 5 грама сол, што речиси ги задоволи нашите дневни потреби. Наместо ѓевреци и печива за појадок, одберете мусли со повеќе видови житарки во комбинација со полумасно млеко.
2. Внимавајте какви грицки избирате
Во есен и зима, сакаме да избереме вечерна релаксација со филмови или омилената серија, а солените грицки се незаменлив дел. Наместо готови пуканки, направете пуканки сами, со ограничена количина сол или дури и без сол, и наместо печени кикирики, одберете кикирики во лушпа.
3. Заменете ја солта со други зачини
За да се намали употребата на сол при подготовка на оброци, зачините можат да бидат од голема помош. Наместо сол, дајте им можност на други зачини, експериментирајте со рузмарин, босилек, кромид, бибер или мелен пипер.
4. Научете да го контролирате внесувањето сол
Можеме да го намалиме внесот на сол ако станеме свесни која храна содржи сол. „Скриената“ сол може да се избегне ако направиме навика да ја читаме декларацијата и да обрнеме внимание на содржината на сол.
5. Изберете производи со помала содржина на сол
Најголемата количина на сол, повеќе од 75% се внесува преку храната, па затоа е неопходно да се изберат производи за кои е јасно наведено дека содржат помало количество сол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.