Пет причини поради кои треба да шетате и во текот на зимата

Иако студеното време и ниските температури често ни служат како оправдување да се затвориме дома и одмораме во текот на зимата, сепак зимските прошетки имаат многу предности за менталното и физичкото здравје.
Свежиот воздух и физичката активност се корисни за здравјето и доброто расположение, но има и други придобивки.
Трошење калории
Пешачењето на ниски температури ќе ви помогне да согорите повеќе калории бидејќи телото понапорно работи за да остане загреано. Студија покажа дека времето минато на ниски температури може да го зголеми согорувањето калории и до 30%.
Создавање здрави навики
Додека од вежбањето во теретана брзо може да се откажете, пешачењето е активност со која полесно создавате здрави навики. Додека шетате вие истовремено уживате во прекрасната природа и свежиот воздух. И додека уживате во погледот, расте бројот на чекори и потрошени калории.
Кога ќе престанете со одење не е лошо да следите колку време сте биле активни и колку чекори сте минале бидејќи кога имате увид во резултатите, ќе ви се зголеми мотивацијата да продолжите со активностите.
Долг живот
Ако секој ден одвоите 20 минути за брзо одење, значајно ќе ги намалите шансите за предвремена смрт. Ова го покажа студија спроведена на Универзитетот во Кембриџ, во која биле опфатени 334.000 луѓе. Доволно е скромно зголемување на телесната активност за да го подобрите здравјето и продолжите животот.
Помага во борбата со депресија
Во случај на депресија се препорачува да минувате повеќе време на отворено, особено во природа.
Производство на витамин Д
Само 15 минути на сонце два до трипати неделно е доволно за производство на витамин Д. Изложувањето на сонце го поттикнува создавањето на овој витамин кој е важен за цврсти коски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.