Понеделнички предлог ручек кој ќе ве врати во детството: Полнети пиперки во рерна

Петок, речиси десет часот наутро и одличен предлог за вашиот денешен семеен ручек.
Состојки:
12 средни пиперки (бабури)
1 компир
За сос:
500гр. мелено месо
1/2 чаша ориз
1 главица црвен кромид
1 морков
1 лажичка мелен пипер
1 лажичка сув билен зачин
1 дл. масло
малку сол
бибер

За прелив:
300мл. сок од домати
300мл. топла вода
Подготовка:
Исчистете ги пиперките, извадете им ги дршките, измијте ги и оставете ги да се исушат.
Црвениот кромид и морковот ситно исечкајте ги и запржете со масло. Потоа додадете го меленото месо и динстајте додека не порумени.
Месото исцедете го од маслото и додадете го оризот, ситно исечканиот лук и зачините. Добро измешајте и наполнете ги пиперките, не докрај бидејќи оризот ќе нарасне, па пиперките да не пукнат.
Компирот исечкајте го на тенки кругови и со нив затворете ги пиперките за при печењето месото да не се распадне.
Во тавата за печење ставете го преостанатото масло од динстаното месо (по потреба додадете уште), а потоа додадете го сокот од домати и вода.
Пиперките наредете ги во рерна и печете еден час и 15 минути на температура од 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.