Во своето гостување во ТВ Плус од Куманово Филип Петровски говореше отворено и мошне прецизно за проблемите со кои се соочува Македонија во последно време. Тој посочи дека требаше да се организираат три посебни референдуми. Еден за Грчкиот договор, втор за членувањето во ЕУ и трет за членството во НАТО. Оти на вака поставеното прашање во моментов може да се дадат осум одговори а не еден.
Постојат граѓани кои се за членство во ЕУ но се против членство во НАТО. Има такви кои сакаат договор со Грција а поголемиот дел се против. Од друга страна најголем дел од Македонците се против промената на Уставното име Република Македонија и договорот ги фрустрира. Таа фрустрација дополнително го фрустрира Македонецот и создава поделби и цепање на општеството. Доколку не се сопрат овие тенденции ќе се создадат непремостливи препреки за тоа како ќе продолжи нашето опшетство понатака.
Петровски говореше и за референдумот и неговата невозможност да има цензус без местење односно масовна операција за менување на вољата на народот. На дело е исто така масовна манипулација, контрола на јавното мислење и негова алтерација. На терен е забележана и контра пропаганда која е смислена и деструктвна а е наменета да ги збуни гласачите.
Потоа Филип Петровски го објасни проблемот со името низ историска перспектива. Со посебен осврт на поделбите на Македонија во 1913 година и подоцнежните реперкусии. Погледнете во видеово што е приложено повеќе детали. Наместо сега стотина години подоцна да бидеме во подобра позиција, сега ние сме во далеку полоша состојва и државата е пред смртна опасност. Корумпираните политички елитни наместо да работат во интерес на народот се натпреваруваат кој е поблизок и сервилен на странските амбасади.
Секогаш бевме РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и треба да си останеме со тоа име. Инаќу ќе испаднеме паљачо на меѓународната политичка сцена.