Потребни состојки:
4 големи компири
Малку сол
Маслиново масло
за сос
120 г кисела павлака
1 лажичка сечкан магдонос
Сол и бибер
Лук во прав
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги компирите, избришете ги и не ги лупете. Премачкајте ги со маслиново масло и посолете. Прободете ги со нож на неколку места за да излезе пареата. Печете го компирот во тава обложена со хартија за печење околу 60 минути. Свртете ги компирите на другата страна за да се испечат и од двете страни.
Направете го сосот така што во сад ќе ги измешате сите состојки.
Расечете ги печените компири и во средина ставете го сосот со павлака. На врвот додајте сечкан магоднос или кашкавал.