Рецепт и видео прилог на Сашина кујна – Печено месо со компир
За да не добиете суво месо од свинско каре, туку сочно и полно со сопствени сокови, е главната цел на секој готвач, без разлика дали готвите во обична рерна или во професионална фурна. Еве како да се испече месото во рерна, свинско каре, свински кременадли во комбинација со “медени” компири.
свинско каре
1 полна голема лажица сол
Бибер во зрно, микс од повеќе вида
4 чешниња лук
100 мл масло
1 голема лажица домашна маст
700 г компири
400 мл обична вода
ПОСТАПКА:
Месото засечете го на повеќе места, па посолете го со една голема лажица сол убаво, триејќи ја и внатрешноста од секој засек. Зачинете го и со свежо мелен или толчен црн или шарен пипер.
Во секој засек ставете парчиња сечено лукче и намастете со масло. Вака зачинетото месо покријте го со фолија и оставете го во фрижидер да преноќи за да се впијат вкусовите.
Следниот ден извадете го лукот и месото обилно премачкјате го со свинска маст. Ставете да се пече во загреана рерна на 175 степени, 45 минути. После ова време прелијте го со сопствените сокови и растопената маст во плехот и додадете 200 мл млака вода.
Следните 75 минути печете го на истата температура (175 степени) и повремено преливајте го со течностите од плехот. Потребно е 5-6 пати да го полевата со сопствените сокови. На овој начин ќе се обезбеди крцкава кора, убава боја и сочност во внатрешноста на месото.
После ова време ставете компири околу месото и долејте уште 200 мл млака вода. Сега рерната засилете ја на 200 степени и печете уште 25 минути, односно додека компирот да се испече. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: