Потребни состојки:
-250 г ситно исечено бело пилешко месо
-1 лук
-2 моркови
-3 лимони
-1,2 л пилешка супа
-1,5 дл павлака за готвење
-путер
-сол
Начин на подготовка:
Стопете малку путер на тава за пржење и на него попржете ги месото и зеленчукот околу 8 минути. Исцедете го лимонот, па пилешката супа со месото и зеленчукот ставете ја во тенџере. Варете на умерена температура околу 50 минути.
Супата оставете да се олади, па ставете ја во блендер да добиете погуста смеса.
Вратете ја супата назад во тенџере, варете уште малку, па зачинете со сол и бибер. На крајот додадете ја павлаката за готвење и по минута, две тргнете го тенџерето на страна.
Украсете со листови од магдонос.