Одлична идеја за збогатување на новогодишната трпеза со брз рецепт кој можат да го направат и почетниците во кујната.
Од белото месо може да се прават најразлични јадења, а доколку го измешате со пиперка и кромид ќе добиете највкусни ражничи. Освен што се вкусни, потребните состојки не се скапи, па за малку пари ќе направите фантастичен ручек. Послужете со помфрит, печени компири или сезонска салата.
Потребни состојки:
½ лажичка блага пипер
½ лажичка лук во прав
½ лажичка сол
2 лажици маслиново масло
3 лажици соја сос
1 сок од лимон
1 лажица кафеав шеќер
1 лажица кечап
600 гр пилешо филе
1 кромид
1 пиперк
Подготовка:
Во сад измешајте блага пипер, лук, сол, маслиново масло, лимонов сок, шеќер и кечап, па додадете го месото исечкано на коцки. Оставете го да се маринира 2-3 минути, а за тоа време исечкајте ги пиперката и кромидот. Потоа на стапчиња за разничи редете месо, пиперка, па кромид и испржете.