Пилешки шницли со пармезан на италијански начин

650 г пилешки гради
2 јајца
200 г лебни трошки
100 г брашно
50 г рендан пармезан
2 лажици сенф
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
300 мл доматен сос
1 лажица исечкан свеж босилек
Пилешките гради исечете ги на шницли, и зачинете ги со сол и црн пипер. Секоја шницла набрашнете ја и свалкајте ја во брашно. Потоа облепете ја со смеса од лебни трошки, сенф, пармезан, сол и црн пипер. Испржете ги шницлите од двете страни и ставете ги на чинија. Прелијте ги со доматниот сос измешан со исечкан босилек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.