Пилешко во бел сос со тестенини

Потребна ви е мала кулинарска вештина за да го подготвите совршениот сос кој ќе биде омилен на вашата трпеза и сите во домот ќе уживаат во неговиот вкус.
Потребни состојки:
500 gr пилешко бело месо
1 кромид
маслиново масло
сол
бибер
вегета
морков
200 gr тестенини (по ваш избор)
1-2 лажици брашно
кисела павлака
Подготовка:
Прво загрејте го маслото во тава, а потоа додадете ситно исечкани кромид и морков. Додадете малку вода во овие состојки за сето тоа убаво да се издинста.
Потоа додадете 1-2 лажици брашно и цело време мешајте. Додавајте вода во зависност од тоа каква густина сакате да постигнете. Потоа додадете павлака и продолжете да мешате.
Во друга тава пропржете го белото месо, ситно исечкано на коцки, а потоа додајте го во сосот што го подготвувате на страна. Продолжете да мешате.
Додадете малку сол, бибер и вегета.
Во последните 7 минути од подготовката на сосот, сварете ги тестенините и вашето јадење е готово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.