Ако сакате да го пробате пилешко месо на малку поинаков начин, во овој рецепт месото е во комбинација со лут ајвар и сладок мед.
Потребни состојки за 4 лица:
-2 лажици маслиново масло
-4 помали парчиња пилешки гради
-1 кромид
-2 чешни лук
-100 г колбаси
-4 лажици лут ајвар
-250 г црвени пиперки
-160 г ориз
-100 г зелени маслинки полнети со пиперка
-свеж магдонос
Начин на подготовка:
На загреано маслиново масло ставете ги парчињата пилешки гради и испржете ги на двете страни. Извадете ги и во истото тавче додадете ги исечениот кромид, лукот, исечени колбаси и динстајте неколку минути, додека кромидот не омекне.
Додадете го ајварот, вратете го пилешкото месо и додадете ги пиперките, исечени на кругови. Потоа на крајот ставете го оризот. Додадете вода и сето заедно оставете да се вари, додека не омекне оризот. Во оризот, пред динстањето може да додадете една до две лажици мед.
Јадењето може да го послужите со маслинки и наросен магдонос.