Пилешко со сусам и кашкавал

Одличен рецепт за љубителите на пилешко месо во вкусен сос.

Потребни состојки:
400 г пилешко месо
3 лажици брашно
1лажица сусам
сол, бибер
30 г путер
малку маслиново масло
150 мл млеко
50 г кашкавал
суви зачини
магдонос

Начин на подготовка:
Исечете го месото на помали коцки, измешајте го со сувите зачини, биберот, брашното и сусамот.
Загрејте масло и стопете го путерот, па ставете го пилешкото месо да се испржи малку. Мешајте да не загори. Кога ќе добие убава боја, додадете ги млекото и магдоносот и оставете неколку минути да се довари.
Ова јадење одлично оди со салата, а може и со пире.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.