Зошто да поминувате долго време во кујната и да готвите комплицирани јадења, кога има едноставни и брзи рецепти со кои ќе направите вкусен ручек. Пробајте го овој рецепт за пилешко во крем сос.
Состојки:
500 гр. пилешко филе
2 кесички супа од печурки
1 л павлака за готвење
Начин на подготовка:
Пилешкото месо исечете го на парчиња. Секое парче треба да го посолите и да го полиете со масло. Оставете го да се маринира околу 1 час.
Потоа, наредете го месото во тава во која претходно ќе додадете малку масло. Преку пилешките парчиња прелијте ја супата и павлаката за готвење.
Вклучете ја рерната пред да почнете со подготовка на оброкот. Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете околу половина час. Послужете го јадењето со свежа салата и печен компир.