Потребни состојки:
-100 г целер
-300 г компир
-300 г грашок
-1 кромид
-2 чешни лук
-1 лажица путер
-сол, бибер
Начин на подготовка:
Лукот и кромидот ситно исечете ги, а компирот и целерот покрупно, на коцки. Испржете го кромидот на парче стопен путер, па додадете го и лукот. Кога лукот ќе пушти арома, додадете ги компирот, грашокот и целерот. Додадете вода колку да го покрие зеленчукот, посолете, зачинете и варете додека не омекне зеленчукот.
Сварениот зеленчук процедете го од водата, може да го згмечите или ставите во блендер за да добиете пире.