Личното писмо на починатата англиска кралица Елизабета Втора е продадено на аукција во Германија за 8.300 евра, објавија организаторите.
Единствено што се знае за купувачот е дека станува збор за жена која живее во странство. Писмото е продадено на аукција организирана од аукциската куќа Епи во Штутгарт.
Писмото е упатено до германската јавачка Ета Плеш, родена како Марија Грефин фон Вурмбранд-Штупах, чии коњи двапати го освоија престижното дерби Епсом во Англија.
Кралицата ѝ пишува на „драгата г-ѓа Плеш“ дека е „воодушевена од прекрасната слика на коњи“ во нејзиниот имот во селската област Сандрингам „што ја добив од вас и г-дин Плеш за Божиќ“.
Елизабет, која тогаш имала 40 години, го завршува своето писмо за благодарност со напомена дека трпението е можеби најважната особина во одгледувањето коњи, со малку среќа.
Аукцијата започна со цена од 2.600 евра.
-Има ентузијасти кои бараат поштенски пратки со интересна историја или од истакнати испраќачи, а потоа има и обожаватели на британското кралско семејств“, изјави Фердинанд Бенедикт Еплеј од аукциската куќа за ДПА пред аукцијата.
Кралицата Елизабета почина на 8 септември на 96-годишна возраст.