Искористете ја сезоната на тиквички и направете ја оваа фантастична пита.
Тиквичките, покрај компирите, се омилен зеленчук без разлика дали се похувани, во мусака, паста… Најдобра и наједноставна за подготовка е оваа пита со вкусен крем сос.
Идеална е за појадок, вечера, како предјадење или главно јадење, но и за послужување на гости кои исто така нема да останат рамнодушни на нејзиниот вкус.
Потребни состојки:
- 2 тиквички
- 2 страка млад лук
- 4 јајца
- 300 мл. млеко
- 300 гр. крем сирење
- 100 гр. тврдо сирење
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 врзоп копар
Начин на подготовка:
- Ситно исечкајте ги тиквичките, младиот лук и копарот.
- Ставете ги во тава обложена со хартија и додајте сол и маслиново масло.
- Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 минути.
- Изматете ги јајцата со крем сирењето, а потоа додајте млеко, прашок за пециво, брашно, сол, бибер и малку копар.
- Испечениот зеленчук оставете го да се излади, а потоа додајте го во смесата со јајцата и добро измешајте.
- Одозгора ставете го и ренданото сирење.
- Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 25 минути.