Питата со вкус на пица е вистинскиот избор за брз солен оброк, а рецептот е многу едноставен.
Одличен избор е кога не знаете што да подготвите за појадок или пак вечера. Се подготвува со наједноставни состојки кои сите ги сакаат, а подготовката е многу лесна.
Состојки:
– 1 пакетче кори;
– коцка сирење;
– 4 јајца;
– 250 грама шунка;
– кечап;
– оригано;
– масло за јадење.
Подготовка:
Сирењето и јајцата изматете ги, додадете и малку масло за јадење во смесата.
Првата кора премачкајте ја со смесата од сирење и јајца. На другата кора наредете шунка. На третата кора по вкус ставете кечап и оригано.
Повторете ја постапката уште еднаш, замотајте (вкупно шест кори во една пита). На врвот повторно ставете кечап и оригано.
Печете на 200 степени Целзиусови околу половина час.
Пријатно јадење!