Потребни состојки:
– Тесто за пица
– 2 дл пире од домати
– 300 гр моцарела
– 150 гр рендана гауда
– 200 гр шунка насечена на листови
– 100 гр сува салама по ваш избор
– 1 мала шолја оригано
– Малку босилек
– 1 јајце
– 2 лажички млеко за премачкување
Подготовка:
Додадете ги ориганото и босилекот во пирето од домати, додаде и други зачини по желба и измешајте сè.
Расукајте го тестото за пица, па премачкајте го со доматното пире со зачини. Оставете ги рабовите ненамачкани за да можете полесно да го свиткате тестото на крај.
Потоа посипете половина од ренданата гауда врз тестото, и рамномерно распоредете ја шунката. Наредете половина од моцарелата врз шунката, а потоа и сувата салама. Завршете со редење со по уште еден слој од останатата моцарела и гауда.
Цврсто свиткајте тестото во ролат, а празните рабови добро стиснете ги со прстите и завиткајте ги малку. Внимателно префрлете го пица ролатот во плех обложен со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
Изматете го јајцето, додадете го млекото, па добро измешајте и премачкајте го ролатот.
Ставете го во загреана рерна и печете околу 20 минути, додека тестото не добие златно-жолта боја.
На здравје!