Пијалаци кои најмногу му штетат на имунитетот

Секогаш е важно да се грижиме за имунитетот, особено сега во време на пандемија. Ако се обидувате да го подобрите имунитетот, овие пијалаци треба да ги избегнувате, пишува Eat This, Not That.
Алкохолни пијалаци
Алкохолот, особено ако се консумира често ја слабее функцијата на имунитетот за брзо исфрлање на токсините од организмот. Можно е луѓето кои имаат проблеми со алкохолот да имаат поголем ризик од развивање на респираторни проблеми, особено со горните дишни патишта.
Газирани пијалаци
Не се лоши само за вашата линија, туку и за имунитетот. И овде повторно проблемот е во дополнителниот шеќер. Истражувањата покажаа дека целиот тој дополнителен шеќер поттикнува воспалителни процеси во телото, а со самото тоа се зголемува ризикот од некои болести.
Овошни сокови
И тие се извор на големи количини шеќер, особено глукоза и фруктоза. Фруктозата поттикнува складирање маснотии во телото и влијае на хормоните, поради што сме погладни. Глукозата го подигнува нивото на шеќер во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.