Пијалаци што треба да ги избегнуваме кога е топло

Сите знаат дека екстремните температури можат да бидат опасни и дека тогаш треба да избегнуваме напорни активности на отворено, да носиме крема со заштитен фактор SPF и да останеме хидратирани.

Но, кога станува збор за хидратација, експертите велат дека постојат одредени пијалаци кои треба да ги избегнуваме за време на топлотниот бран за да го намалиме ризикот од несакани ефекти, пренесува Best Life.
Еве кои пијалаци, според нивните совети, никогаш не треба да ги пиеме во најтоплите денови.

Алкохолни пијалоци
Алкохолот е докажан диуретик, што значи дека го зголемува производството на урина и на тој начин ја исфрла водата од телото. Затоа, конзумирањето на алкохолни пијалаци, без разлика дали се работи за пиво, вино или коктели, може да доведе до дехидратација, па диететичарите не го препорачуваат. Освен тоа, алкохолот може да предизвика забавување на хипоталамусот, чија задача е да ја регулира телесната температура, па ако телото е веќе загреано од топлината, дејството на алкохолот ќе го „натера“ телото да помисли дека е уште потопло.

Кафе
Слично на алкохолот, кафето е диуретик чие прекумерно консумирање може да доведе до дехидрација, особено кога телото е веќе подложно на него поради високите температури. Сепак, лекарите тврдат дека се зависи од тоа колку нашето тело е навикнато на кофеинот. Имено, доколку пиеме кафе секој ден и попатно консумираме доволни количини вода, слободно можеме да го консумираме умерено за време на топлотен бран. Од друга страна, ако телото е чувствително на кофеин или не е навикнато на него, тоа може да доведе до дехидрација.

Газирани сокови
Газираните сокови содржат и кофеин, па експертите препорачуваат да го избегнуваме. Дополнително, газираните сокови имаат тенденција да имаат многу шеќер, а многу студии покажуваат дека тоа може да доведе и до дехидрација. Ова веројатно се должи на интеракцијата на шеќерот и водата внатре во клетките, а зголемениот внес на шеќер предизвикува клетките во телото да пренесуваат повеќе вода, а со тоа го зголемува производството на урина.

Енергетски пијалаци
Некои енергетски пијалаци содржат многу повеќе кофеин од стандардните дози кафе, чај или безалкохолни пијалоци, предупредуваат диететичарите. Тие можат да содржат и повеќе шеќер од класичните сокови, па затоа треба да ги избегнуваме или барем да ја намалиме нивната потрошувачка на минимум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.