Пијан скопјанец дивееше во автобус на ЈСП

Во СВР Скопје синоќа бил приведен 32-годишниот М.С. кој бил во алкохолизирана состојба, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје.
Додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром тој физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје.
По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.