Домашните крофни со божествен мирис и вкус се одличен избор кога ви треба сочно пециво без многу труд
Вкусот на ова пециво ќе ви биде познат, но некако поинаков, нов и необичен. Причината е тајната состојка…
Во подготовката на тестото често се експериментира со пиво, додека румот е добро позната состојка во колачите, но дали знаевте дека во пецивото можете да додадете и ракија?
Ви претставуваме еден таков рецепт, а резултатот е божествен!
Состојки:
2 јајца
400 мл јогурт
2 кесички ванилин шеќер
2 лажички шеќер
прстофат сол
20 лажици матеница
1 кесичка прашок за пециво
1 лажица ракија по вкус
масло по потреба
Подготовка
Измешајте 400 мл јогурт, јајца, шеќер, ванилин шеќер и малку сол. Се меша, па се додава брашното, прашокот за пециво и ракијата и се меша додека не се добие мазна смеса.
Извадете ги парчињата со лажица и пржете ги на длабоко врело масло.
Готови се кога убаво ќе се заруменат. По желба прелијте со растопено бело и темно чоколадо или посипете со шеќер во прав.