Плескавици од зеленчук со пченкарно брашно

200гр златна мешавина
100 гр боранија
100 гр брокула
2 лаж пченкарно брашно
3 јајца
1 кромид
3 чешни лук

Златната мешавина, брокулата и боранијата одмрзнете ги. Брокулата исечете ја на ситни коцки.
Кромидот и лукот ситно исечете ги.
Во еден сад ставете го зеленчукот, додајте лукче, кромидче, ставете јајца и пченкарно брашно. Се’ убаво промешајте. Додајте сол,пипер, сув зеленчук и оригано.
Со натопени раце направете плескавици.
Плескавиците извалкајте ги во пченкарно брашно и пржете во загреано масло.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.