Аронијата е 4 до 6 пати побогата со антиоксиданти од брусницата и останатите бобинки.
Ја нарекуваат „суперхрана“ и „сибирска боровница“, а го носи и епитетот „намирница на иднината“. Свежите плодови на аронијата се помеѓу најбогатите со антиоксиданти и се вистинска ризница на биолошки активни материи – ги има повеќе од 300.
Помага при многу заболувања
Ефикасно го прочистува организмот од штетните материи и тешките метали и затоа е корисна заштита од многу заболувања. Како исклучителен антиоксидант, аронијата го спречува создавањето на слободни радикали и нападот на здравите клетки во телото, со што се забавува стареењето на организмот и се спречува развој на хронични болести, вклучувајќи и рак.
Поради високиот удел на антиоксиданти и витамин Ц и Е, аронијата има антивирусно, антибактериско и антиинфламаторно дејство. Богата е со антиоксидант антоцијанин кој го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува ризикот од рак и го забавува стареењето.
Ја стимулира работата на тироидната жлезда и особено се препорачува за лица со хипотироидизам. Го спречува развојот на кардиоваскуларни заболувања, го намалува високиот крвен притисок и холестеролот и го стимулира производството на добар холестерол. Аронијата ја стимулира и функцијата на црниот дроб, помага при жолчни камења и воспаление на жолчното кесе.
Ги смирува грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на цревната слузница и помага при дијареја. Аронијата е корисна и при воспаление на уринарниот тракт.
Забележувајќи ја нејзината моќ, плодовите на аронија се користеле по нуклеарната катастрофа во Чернобил за да се ублажат тегобите на пациентите кои биле изложени на радијација.
Кои лица треба да внимаваат?
Апсорпцијата на здравите состојки е подобра доколку ја консумирате аронијата после оброк.
Исто така, високото ниво на пектин и овошни киселини може да предизвикаат мачнини кај некои лица со чувствителен желудник.