По апсењето на Марјан „Доказ“: Кај него била пронајдена дебитна картичка од компанија чиј управител е близок на Мицковски

Има бивши политичари, неодамна заминати од лидерски функции, има доста пратеници, многу градоначалници, најчесто скопските градоначлници биле често застапени во телефонот на Марјан Стаменковски, вели во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

По апсењето на Марјан „Доказ“: Кај него била пронајдена дебитна картичка од компанија чиј управител е близок на Мицковски

Паника ги има фатено сите, а има и новинари меѓу нив.

Дали има информација дека кај Марјан е пронајдена картичка од компанија во која меѓу управителите е Орце Тодоровски Ефто, мастер кард, компанија во која до скоро имаше удел и Мицкоски.

Еве јас имам информации и ќе бидат потврдени. Нека потврдат било кој од овие влогери. Од предвремените парламентарни избори пред три години почнале да се префрлаат пари, отприлика 60.000 евра.

Имам една информација која вели дека рочиштата, да цитирам, “ќе бидат циркуз Адрија”, со цитати од пораките, за дел од пораките сум сигурен бидејќи сум ги видел сам, истакна Митовски.

https://www.youtube.com/live/dWo08gQNoFY?feature=share

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.