Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ само еден ден откако се дозна дека нејзината ќерка го изгуби бебето.
Вчера многумина беа шокирани кога момчето на Анастасија, Немања Гудељ, на својот Инстаграм ја објави тажната вест.
Тој им се заблагодари на сите за поддршката и соопшти дека неговата сакана го изгубила бебето, па замоли за разбирање.
Анастасија во меѓувреме го исклучи својот профил на социјалните мрежи и реши некое време потполно да се повлече.
Од овие причини Цеца кога се појави пред студиото не сакаше да дава изјави, а изразот на нејзиното лице кажуваше сé.
Облечена во црно од глава до пети таа пристигна видно нерасположена, а целото издание го „зачини“ со по некој златен детаљ.
Таа за оваа пригода носеше црни панталони и црна ролка без ракави, додека лицето и беше покриено со големи црни очила.
Цеца со ова елегантно, но истовремено и гламурозно издание носеше и црна, скапоцена чанта од светски познат бренд.
Како познатата фолк дива изгледше кога се појави пред новинарите, погледнете во продолжение…