Покрај тестовите за интелигенција постојат и други начини кои можат да ви помогнат да процените дали некој е паметен или не. Интелигенцијата често се мери со тестови кои се мета на критика, бидејќи не ја вклучуваат и креативноста во себе.
Па, психолозите константно се обидуваат да најдат нови и поефикасни начини на мерење на когнитивните способности, односно се откриваат нови знаци по кои може да се процени дали некој е интелигентен или не.
По што можете да препознаете дали вие сте поинтелигентни од останатите?
1. Сте учеле во музичко училиште
Истражувањата покажуваат дека музиката на повеќе начини допринесува во развојот на интелигенцијата.
Во едно истражување кое направено на деца на возраст од 4 – 6 години потврдена е токму оваа информација – децата добиле далеку подобри и повисоки резултати на тестовите за интелигенција по месец дена музички часови.
Во уште едно истражување направено на 6-годишни деца, оние кои 9 месеци поминале во учење на клавир или пеење имале подобри резултати од оние кои воопшто не оделе на часови.
2. Најстаро дете сте во семејството
Најстарите деца се обично и најпаметни, но не од генетски причини. Норвешките епидемиолози ги употребиле своите воени документи и анализирале податоци од 250.000 момчиња на возраст од 18 и 19 години, родени помеѓу 1967 и 1976-та година.
Ги интересирало каква поврзаност има помеѓу тоа кое дете биле во семејството и каков бил нивниот здравствен статус и интелигенција. Првородените деца во просек имале подобри резултати од оние кои биле втори или трети по ред родени.
3. Витки сте
Во едно истражување научниците тестирале околу 2.000 возрасни личности во периодот од 5 години и откриле дека постои поврзаност меѓу бројот на килограми и интелигенцијата.
Уште едно истражување кое било направено на деца од 11-годишна возраст покажало дека оние кои имале поголем струк имале полоши резултати на вербалните и невербалните тестови за интелигенција.
Авторите на истражувањата претпоставуваат дека поинтелигентните деца имаат подобро образование, поуспешни се и подобро се грижат за своето здравје.
4. Имате мачка
Едно истражување кое е направено на 600 студенти, покажало дека оние кои се идентификувале како љубители на кучињата се поотворени од оние кои преферираат мачки.
Од друга страна, љубителите на мачките имале подобри резултати на тестовите за когнитивни способности.
5. Мајка ви ве доела
Научниците анализирале над 3.000 деца во Велика Британија и Нов Зеланд и утврдиле дека децата кои биле доени од своите мајки имале дури 7 поени повеќе на тестовите за когнитивни способности од оние кои не биле доени, но само ако во себе го имале генот FADS2.
6. Левораки сте
Таткото на современата криминологија Чезаре Ламброзо во 1903-та година тврдел дека меѓу криминалците има повеќе левораки луѓе, но научниците денес не се сигурни дали тоа е вистина.
Најновите истражувања, од друга страна пак, покажуваат дека левораките се покреативни, односно поседуваат таков тип на креативност каде многу лесно и брзо можат да дојдат до решенија за проблемите со кои се соочуваат.
7. Високи сте
Резултатите од истражувањата на Универзитетот Принстон во кои учествувале 1.000 испитаници покажуваат дека повисоките луѓе имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција.
8. Консумирате алкохол
Еволуциониот психолог Сатоши Казанава и неговиот тим откриваат дека возрасните Британци и Американци кои како деца имале подобри резултати на тестовите за интелигенција, консумираат алкохол, но во умерени количини.
9. Рано сте научиле да читате
Едно британско истражување кое е направено на 2.000 парови еднојајчани близнаци покажува дека братот или сестрата која порано научил/а да чита, има и подобри резултати на тестовите за интелигенција.
10. Се грижите
Сè поголем број на истражувања покажуваат дека анксиозните личности се попаметни.
Во истражување направено на 126 луѓе со факултетско образование, испитаниците одговарале на прашања околу тоа колку често се грижат и непрестајно размислуваат за ситуациите кои ги вознемируваат.
Резултатите покажале дека грижливите луѓе се поинтелигентни од останатите.
11. Духовити сте
Во истражување направено на 400 студенти по психологија требале да решат тест за интелигенција, а потоа да измислат текст за неколку стрипови кои биле оценувани од група на независни оценувачи.
Како што претпоставиле научниците, оние кои се поинтелигентни биле и подуховити.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.