Саша Поповиќ ги додели клучевите од автомобилот Фиат ТИПО на нашата Славица Ангелова која победи во „Ѕвездите на гранд“ за сезоната 2022/23.
Креативниот директор на „Гранд“ продукција доделувањето на клучевите го направи во склоп на комплексот кој го гради на Бежаниска коса каде и живее.
-Ух кога ќе се појавиш во Струмица со овој автомобил, а сите знаат дека си го добила откако победи во „Ѕвездите на гранд“, тоа ќе биде шоу, вели Поповиќ.
Нашата Славица на Саша му потврди дека има возачка дозвола и знае да вози автомобил.
-Ова ти е полесно да стигнеш кога би имала обврски кон „Гранд“, кажа Ѓорѓе Давид.
Саша Поповиќ додаде дека е горд поради тоа што победила на поштен начин и заслужено го добила овој автомобил.
-Кариерата ќе ја гради и во Македонија и во Србија, ќе добие песна, спот, ќе гостува во сите наши емисии. Веруваме дека многу повеќе шанси има во Македонија, бидејќи е прва нивна победничка во ова шоу, но секако ќе се трудиме да ја туркаме и во БиХ, Србија и Црна Гора, вели Саша.
За потсетување Славица во финалето победи освојувајќи 88.367 гласа, а нејзин ментор беше Ѓорѓе Давид.