Повеќе луѓе во светот имаат мобилни отколку тоалет

Шест од седум милијарди жители на планетата имаат мобилни телефони, но само 4,5 милијарди имаат пристап до тоалети, поради што Обединетите нации започнаа кампања за помош на преостанатите, 2,5 милијарди луѓе.Заменикот на генералниот секретар на ОН, Јан Елијасон најави глобална кампања за подобри санитарни услови за живот на луѓето кои, како што вели живеат во Тивка катастрофа која ја одразува големата сиромаштија и нееднаквост во денешниот свет.Елијасон вели дека за тоалетите и непристојните нужници, кои се животна реалност за 1,1 милијарди луѓе, ретко се зборува во ОН.Сепак, решавањето на проблемите мора да почне веднаш за да се постигне целта, ОН до 2015 година да го преполови бројот на луѓе кои немаат пристап до санитарните простории, порача Елијасон.
МакфаксШест од седум милијарди жители на планетата имаат мобилни телефони, но само 4,5 милијарди имаат пристап до тоалети, по

Пронајдете не на следниве мрежи: